Босанската поп пејачка Џејла Рамовиќ и нејзиниот бенд од четворица музичари добија казни од по сто евра, затоа што на 29 ноември без работа дозвола настапиле во локал во Кичево. Ова е пресудата на Основен суд Кичево по прекршочната пријава која ја поднесе СВР Охрид. Настапот во локалот бил прекинат пред самиот крај.
„На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево. При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ. Р. (23), како пејачка и К. Џ.(27), Е. П.(25), Ф. Ј. (28) и И. К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, за што им е поднесена прекршочна пријава до Основен суд Кичево“, кажа Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Тој ни изјави дека за настапот на Рамовиќ во локалот „не е забележно поголемо присуство од регистрираниот број на гости“.
Џејла Рамовиќ е популарна пеачка во регионот, која славата ја стекна по победат во „Ѕвездите на Гранд продукција“ во 2019.
- ЛОКАЛОТ КАДЕ ШТО ПЕЕЛ АЦА ЛУКАС, ИМА КАПАЦИТЕТ ЗА 200 ЛУЃЕ, А ИМАЛО 700, НЕ ДОЗВОЛУВАМ КОЧАНИ-СЦЕНАРИО, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ МИТКО ЈАНЧЕВ
- АЦА ЛУКАС УАПСЕН И КАЗНЕТ БИДЕЈЌИ НОЌЕСКА НАСТАПИЛ ВО КАВАДАРЦИ БЕЗ ПОТРЕБНА ДОЗВОЛА
На 22 ноември во локал во Кавадарци без работна дозвола настапил турбо фолкерот Аца Лукас, за што доби прекршочна пријава и парична казна од 50 евра од Основниот суд Кавадарци. Во локалот биле констатирани повеќе прекршоци. Од УЈП е констатирано неиздавање фискална сметка, прекршок согласно Закон за забрана на пушењето, а од Државниот пазарен инспекторат дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволеното, за што дополнително биле поднесени соодветни пријави.
Ноќеска десет минути после полноќ, во локал во Свети Николе полицајци од тамошната полиција заедно со инспектори од Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, Државниот трудов инспекторат и Центарот за социјални работи, затекнале 26 малолетни лица после 24 часот, од кои 14 биле под дејство на алкохол.
П. ПЕЧКОВ



