БРАНА ОД ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА И КОМУНАЛЕН ОТПАД ГО БЛОКИРА ВАРДАР КАЈ ЈЕГУНОВЦЕ

    БРАНА ОД ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА И КОМУНАЛЕН ОТПАД ГО БЛОКИРА ВАРДАР КАЈ ЈЕГУНОВЦЕОд Општина Јегуновце велат дека ваква појава, да пловат отпад и илјадници шишиња долж Вардар, имало на 27 октомври и 24 ноември 2025, но уште не утврдиле од каде доаѓа насобраниот смет и кој го фрла во Вардар. (Фото: Општина Јегуновце)

    Утрово, жителите на повеќе населени места во Општина Јегуновце забележале пловење на огромни количини отпад низ реката Вардар. Неодамна, поради силниот ветер кај село Копанце во речното корито паднало големо дрво и создало еден вид брана, па сметот кој пловел по реката тука се насобра во големи количини.

    Општина Јегуновце морала да ангажира механизација за да се отстрани оваа импровизирана брана на која биле заглавени големи количини пластични шишиња и друг комунален отпад.

    „Општината Јегуновце од денес почна интервенција за отстранување на една голема јасика, која паднала во речното корито на Вардар кај Копанце, а поради тоа отпадот кој се фрла од несовесните поединци се собрал на оваа условно речено привремена брана. Општина Јегуновце ангажираше фирма да се отстрани огромно дрво кое паднало пред извесен период поради силен ветер и го попречуваше нормалното течение на реката Вардар, а воедно се насобрал комунален отпад што бил фрлен во погорните делови од реката. Јасиката ќе биде извадена и течението ќе биде ослободено“, изјави градоначалникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиновски.

    Од Општина Јегуновце велат дека ваква појава, да пловат отпад и илјадници шишиња долж Вардар, имало на 27 октомври и 24 ноември 2025, но од Општината сè уште не утврдиле од каде доаѓа насобраниот смет и кој го фрла во Вардар.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира