ДА МУ СЕ ИЗГОРИ ГАЗОТ НА „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ ЗА МАТНАТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, ПОБАРА КАВАДАРЕЧКИ СОВЕТНИК

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДА МУ СЕ ИЗГОРИ ГАЗОТ НА „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ ЗА МАТНАТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, ПОБАРА КАВАДАРЕЧКИ СОВЕТНИК

    Советник од Општина Кавадарци побара судски да му се „изгори газот” на „Македонски шуми”, бидејќи смета дека јавното претпријатие е виновник за калливата вода за пиење која ја пијат педесетина илјади жители од Тиквешкиот регион. Независниот советник Ташо Радњански на вчерашната седница на Советот на Општина Кавадарци побара да се тужи „Македонски шуми” поради матната жолта вода од регионалниот водовод „Лукар”.

    „Водата е жолта и според мене не е за употреба, иако надлежните велат дека е исправна за пиење. Мислам дека причината за калливата вода е тоа што во изминатиот период беше ‘сомлена’ шумата над ‘Лукар’. По закон се знае каде треба да се сече шума, тоа не е дозволено во заштитена зона околу извори. Но, сметам дека не се почитува тоа. А засегнати се граѓаните. И секој што го крши законот по којзнае кој пат, мора судски да одговара за тоа“, вели Радњански.

    Беше одлучено предлогот за тужба да помине на Управен одбор на „Комуналец”, па потоа да се најде на дневен ред на седница на Советот на општина Кавадарци.

    Директорот на „Бор“ од Кавадарци, подружницата на “Македонски шуми”, Слободан Климовски, ни рече дека секој може сешто да тврди,  понекогаш „немајќи елементарни  познавања во природата на настанување на проблемот со матење на водата”.

    „Кога се сака да се дојде до суштината на проблемот, треба да се стекнат многу сознанија стручни и научни, да се истражат многу природни феномени“, изјави Климовски.

    Тој додаде дека „Македонски шуми” работи под строго определени планови, високо стручни и издржани кои ги одобруваат надлежните.

    „Проблемот со матењето не е заради сечите, во тоа сливно подрачје нема сечи или се во незначителен обем во овие години. Нашите планови содржат детални анализи во запазувањето на трајност во стопанисувањето со шумите како и обезбедување на заштита на животната средина“, рече тој.

    Ни кажа дека постоела студија од пред повеќе од десет години изработена од стручни лица по хидролохија,  ерозија и шумарство, според која токму поради ненавремено имтервенирање во насадите околу извориштето, настанал проблемот со водата. Во тој дел според него воопшто не се сечело шума, а над каптажата на вода не постоеле прегради за смирување на коритото. Додаде дека во тој дел исто така било потребно уредување на коритото на река Жарница.

    „Без уредени корита на двете реки, при надоаѓање на вода после обилни врнежи, секогаш ќе има матење на водата“, ни рече Климовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира