Британскиот јутјубер Ричард Хејвард, креатор на каналот „SideQuestMerchant“, ги повика македонските граѓани заедно да го исчистат ѓубрето за да се покаже дека се грижиме за Македонија. Ричард кој од јуни оваа година официјално го замени Лондон со животот во Скопје, заедно со неговиот пријател со чамец пловеа од Гостивар, а целта им беше да стигнат до Грција. Но, во тоа ги спречи ѓубрето со кое е затрупана реката.
„Не е предоцна да се направи промена. Треба сите заедно да работиме како заедница за да се смени нешто и за да покажеме дека се грижиме за Македонија“, додава Хејвард.
Тој се надева дека видеото во кое се гледа како тие се спречени да го продолжат пловењето од купиштата ѓубре во реката, ќе помогне да се подигне свеста на оваа тема.
„Пловењето по Вардар беше едно од најдобрите искуства во мојот живот. Искрено, Македонија е многу е убава земја, со многу богата и разновидна култура. Беше прекрасно што се запознавме со толку многу луѓе снимајќи уште еден предизвик за нашиот Јутјуб канал. Но, овој предизвик брзо стана многу повеќе од Јутјуб видео. Стана повик за акција. Додека пловевме по реката Вардар видовме дека таа се наоѓа во ужасна состојба, со премногу ѓубре“, вели тој.

Тој се надева дека видеото во кое се гледа како тие се спречени да го продолжат пловењето од купиштата ѓубре во реката, ќе помогне да се подигне свеста на оваа тема.(Фото: СДК.МК)
Тој се надева дека видеото во кое се гледа како тие се спречени да го продолжат пловењето од купиштата ѓубре во реката, ќе помогне да се подигне свеста на оваа тема.
Неговата мисија, како што вели, е преку авантуристички и често екстремни видеа да го покаже огромниот и, според него, често превиден потенцијал на Македонија.
Македонската приказна на Ричард започнува во 2020 година, кога како 17-годишник, заедно со својот најдобар пријател, одлучил да побегне од строгите ковид-рестрикции во Велика Британија. Единствените две опции во тој момент биле Албанија и Македонија. Од тој момент, тој ја посетил земјава дури 14 пати. По завршувањето на универзитетот во Англија, каде што студирал руски, украински и унгарски јазик, одлучил дека е вистинско време да се посвети на својата јутјуб-кариера, а Македонија била логичниот избор за негова база.
А. МИХАЈЛОВСКА



