Одговорност на граѓаните во светот е да го зачуваат културното богатство настрана од војни и од политички судири, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на отворањето на изложбата „Божествена убавина“ во Битола. Изложени се 30 уметнички слики со верски мотиви од црквите на Долна Нормандија од 17 до 19 век.
Изложбата може да послужи за пример како да се заштитат над 5.000 икони од црквите во руралните средини во Преспанско-Пелагонискиот Регион.
Амбасадорот Тимоние го посети и манастирот во Курбиново и изрази надеж дека ќе учествуваат во неговата валоризација. Беше и во Музејот на албанската азбука во Битола за, како што рече, да покаже солидарност зашто станува збор за заедничко културно наследство на Албанците и Македонците и треба да се зачува и заштити.
Ж. ЗДРАВКОВСКА