ДАВАМ ОСТАВКА ОД ЗАМЕНИК-ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ ОТИ ВРАБОТЕНИТЕ СЕ ПОД ПОСТОЈАН МОБИНГ, А ГРАДОТ ГО УПРАВУВА ДУИ ОД САРАЈ,РЕЧЕ ТРАЈАНОВСКИ

    ДАВАМ ОСТАВКА ОД ЗАМЕНИК-ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ ОТИ ВРАБОТЕНИТЕ СЕ ПОД ПОСТОЈАН МОБИНГ, А ГРАДОТ ГО УПРАВУВА ДУИ ОД САРАЈ,РЕЧЕ ТРАЈАНОВСКИГрад Скопје испратија реакција дека Трајановски е разрешен од функцијата пред три месеци. (Фото: Град Скопје)

    Заменик-градоначалникот на Скопје Александар Трајановски денеска си поднесе оставка од функцијата. Како што кажа на денешната седница на Советот на Град Скопје, тоа го прави бидејќи вработените се под постојан мобининг и изживување од градоначалничката Данела Арсовска и раководството на Градот. Кажа дека со Градот управува ДУИ од Сарај и дека градоначалничката Арасовска не се бори против департизација како што вели, ниту реализира проекти од програмата која ја вети.

    Градоначалничката Арсовска го назначи Трајановски за заменик-градоначалник во септември 2022, а тој е советник во Советот на Град Скопје од партијата ГРОМ.

    Ревносно се борев за изгласување на годишните буџети на градот и програмите на јавните претпријатија, преговарав, дебатирав и аргументирано убедував колеги советници да ги поддржат и да ги гласаат предложените програмски и буџетски точки. Да ми кажеше некој тогаш дека сево ова го правам за да со град Скопје и јавните претпријатија раководи и владее екипа од Сарај и ДУИ, уште веднаш ќе одбиев. Од кал да е, од Сарај да е, директор ќе биде. Во изминатава година, Град Скопје со сите свои ресурси и капацитети работи на проекти исклучиво во Сарај, како да не постојат останатите општини во Скопје. Јас не прифаќам да бидам заменик-градоначалник само на Сарај, не прифаќам ниту градот да удоволува само на потребите на екипата од Сарај. Граѓаните од сите општини во Град Скопје кои уредно си ги плаќаат своите обврски и го полнат буџетот очекуваат и заслужуваат Градот Скопје да работи на проекти и во нивните општини“, рече Трајановски на почетокот на денешната седница на Советот на Град Скопје.

    Трајковски кажа дека раководството на Градот секојдневно врши малтретирање на граѓани, инвеститори, стопанственици, луѓе кои го полнат буџетот на градот и општините, а исто така се врши постојан мобинг, изживување и репресирање на вработените во Град Скопје и јавните претпријатија.

    Очигледно не успеав ни јас ниту никој да се справи со ова чудо од карактер и начин на дејствување. Очигледно, Општина Сарај нејзиното раководство и ДУИ ја имаат формулата за добра сорабтка, формула која јас и никој друг во оваа држава ја немавме“, додаде Трајановски.

    По изјавата на Трајановски, од Град Скопје испратија реакција во која се вели дека тој е разрешен од функцијата пред три месеци поради нарушување на угледот на Градот, неизвршување на своите задачи и неисполнување на својата функција како заменик-градоначалник.

    Ова лице нема вкупно 3 активни минути на својата функција. Единственото барање на ова лице за кое е свесна градската администрација е неговата желба да добие канцеларија, службено возило и службен телефон. Друга комуникација, уште помалку во смисла на активен придонес кон работата на градот, ова лице немало во последните две години. По однос на обвинувањата на Трајановски за некакво влијание од ДУИ, сакаме целосно да ги демантираме како лажни вести и несериозни обвинувања. Кадрови решенија градот Скопје немаше две години, ниту постоеше можност за вработувања поради неизгласани планови за вработување“, стои во реакцијата на Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира