ДЕБАТА НА „ПЛОШТАД СЛОБОДА“ ЗА ПОЛИТИЧКО-ЕКОЛОШКИОТ КОНЦЕПТ ОДРАСТ

    ДЕБАТА НА „ПЛОШТАД СЛОБОДА“ ЗА ПОЛИТИЧКО-ЕКОЛОШКИОТ КОНЦЕПТ ОДРАСТЗдружението најавува дека македонската јавност на предавањето подобро ќе се запознае со концепот одраст и ќе се продискутираат идеи кои може да се аплицираат во локални или регионални рамки и контексти. - Од еден од протестите на „Плоштад Слобода“ изминативе години (Фото: Фејсбук)

    Здружението „Плоштад Слобода“ организира предавање и дискусија вечерва во 19 часот во Националната универзитетска библиотека„ Св. Климент Охридски“ во Скопје, за политичко-еколошкиот концепт одраст (degrowth).

    „Откако е утврден терминот во 1972 година, а најмногу денес, décroissance, низ разни призми се бави со критика на растот. Во суштина, тој инсистира на демонополизација на јавната дискусија од идиомите на економизмот и напуштање на економскиот раст како општествена цел сама по себе“, вели организаторот.

    Предавањето ќе го одржи Ајда Пистотник од здружението „ЕнаБанда“ од Љубљана, Словенија. Колективот работи на културни активности како филмска продукција, но и истражување на јавни политики. Ајда веќе некое време ја следи дебатата за одраст и иницијативите кои произлегуваат, а има напишано и неколку текстови кои се обидуваат да ѝ го доближат концептот на пошироката јавност. Таа е критична кон постмодерните времиња во кои живееме, кон неолиберализмот и се обидува да визуелизира можно алтернативно размислување и пракса.

    Влезот е слободен, а предавањето и дискусијата се на англиски јазик.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари