ДЕФЕКТ НА ЦЕВКОВОД ГО ОСТАВИ ОХРИД 24 ЧАСА БЕЗ ВОДА

    ДЕФЕКТ НА ЦЕВКОВОД ГО ОСТАВИ ОХРИД 24 ЧАСА БЕЗ ВОДАПролонгирањето настанало поради дефект на цевковод кај хотелот „Метропол“. - Охрид (архивска фотографија)

    Цел Охрид беше без вода до синоќа околу полноќ или пет часа повеќе од најaвата на ЈП „Охридски водовод“. Оттаму ги известија охриѓани дека поради чистење на резервоарите и други зафати на водоводната мрежа градот ќе нема вода од 01 часот по полноќ на 3 мај до 19 часот истиот ден. Меѓутоа, граѓаните попусто очекуваа вода во вечерните часови, а чешмите беа суви. Водата дојде околу полноќ.

    Од „Охридски водовод“ денес велат дека пролонгирањето настанало поради дефект на цевковод кај хотелот „Метропол“ каде се наоѓа главната црпна станица кога го снабдува градот со вода за пиење од езерото, а посебно е битна во летниот период кога на ривиерата има и над 30 илјади туристи.

    „Нашите екипи работеа цели 18 часа на цевковод кај „Метропол“ која има пречник од 700 мм. Го саниравме проблемот за да не се справуваме со него во текот на летото кога градот двојно се зголемува“, велат во „Охридски Водовод“.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира