Нов директор на Казнено-поправната установа Затвор Штип е дефекологот Дејан Здравков, кој е и советник во Советот на Општина Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Заменик-директор е Ѓорги Хубрев од партијата ЗНАМ. На предлог на директорот на Управата за извршување на санкции тие доаѓаат на овие фуникции со одлука на Владата.
Дипломираниот дефектолог Здравков доаѓа на оваа функција по долгогодишна работа воМеѓуопштинскиот центар за социјални работи во Штип и во специјалните паралелки за деца со интелектуална попреченост, а на последните локални избори стана и Советник во Општина Штип.
Хубрев е поранешен каратист и долгодишен менаџер во угостителството, а на последните избори беше на пратеничката листа на ЗНАМ.
Здравков и Хубрев рекоа дека нивна основна задача ќе биде подобрувањето на условите во затворот, а со тоа и на затворениците, зајакнување на дисциплината и подобрување на меѓучовечките односи на вработените и затворениците.
Т. ЈОВАНОВСКИ