ДЕМОЛИРАНА НАПЛАТНА РАМПА НА ПАРКИНГ ВО ТЕТОВО, ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ИСКРШЕНИ 7 БЛОКАТОРИ И ИСТЕПАНИ ДВАЈЦА РАБОТНИЦИ ОД ПАЈАК СЛУЖБАТА

    ДЕМОЛИРАНА НАПЛАТНА РАМПА НА ПАРКИНГ ВО ТЕТОВО, ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ИСКРШЕНИ 7 БЛОКАТОРИ И ИСТЕПАНИ ДВАЈЦА РАБОТНИЦИ ОД ПАЈАК СЛУЖБАТАОд претпријатието велат дека секојдневно се соочуваат со тешкотии во работењето и често пати се на удар на несовесните возачи.(Фото: СДК.МК)

    Во неделата навечер целосно е демолирана наплатната рампа на затворениот паркинг Лирија, кој се наоѓа спроти Судот во Тетово. Металната куќарка е искршена и  откорната е целата електроника од рампата со што е причинета голема материјална штета.

    Од ЈП „Градски паркинг“ Тетово велат дека случајот е пријавен во полиција.

    „Апелираме граѓаните да се воздржуваат од вакви несакани вандализми. Урбаната опрема треба сите да ја чуваме, градот припаѓа на сите подеднакво. Ова не е добра слика на нашето Тетово“, велат од ЈП „Градски паркинг“ Тетово.

    Од претпријатието велат дека секојдневно се соочуваат со тешкотии во работењето и често пати се на удар на несовесните возачи. Само во изминатава недела насилно биле симнати 7 блокатори на тркалата кои биле поставени на возилата кои подолго време биле паркирани, а не платиле за паркинг. Неодамна двајца вработени од пајак службата биле физички нападнати додека подигале непрописно паркирано возило. Тие се здобиле со полесни телесни повреди, а против напаѓачот е поднесена пријава во СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира