Среде населбата Капиштец во скопската Општина Центар повеќе од една година стои депонија од градежен шут и никој не презема ништо. Станува збор за депонија создадена во и околу објект спроти Католичката црква. Во минатото, овој објект беше хостел, но неколку години не работи и оттогаш е претворен во депонија.
Објектот и надвор и внатре е затрупан со секаков вид градежен шут. Никој не го чисти, ниту пак инспекторите на Општина Центар го казниле сопственикот.
Од Општината не одговорија на нашите прашања зошто се дозволува да постои ваква депонија во центарот на градот, каде што секојдневно минуваат илјадници граѓани.
А. АНТЕВСКА