ДЕЦА И ВОЗРАСНИ ЦЕЛО ЛЕТО ПИЈАТ НЕИСПРАВНА ВОДА ВО НОВИОТ ПАРК КАЈ ДОВЛЕЏИК ВО БИТОЛА ОТИ НЕМА ИЗВЕСТУВАЊЕ

    ДЕЦА И ВОЗРАСНИ ЦЕЛО ЛЕТО ПИЈАТ НЕИСПРАВНА ВОДА ВО НОВИОТ ПАРК КАЈ ДОВЛЕЏИК ВО БИТОЛА ОТИ НЕМА ИЗВЕСТУВАЊЕЗнак нема, а битолчаните кои денес ги затекнавме во паркот велат дека цело лето пијат вода од чешмата. (Фото: СДК.МК)

    Нема прикачено известување на чешмата кај новиот парк во Довлеџик во Битола дека водата е техничка и не е за пиење. Паркот цело лето е во функција и е едно од најпосетените рекреативни зони во Битола од деца и возрасни.

    Битолчани кои денес ги затекнавме во паркот велат дека цело лето пијат вода од чешмата. Опкружувањето на чешмата е каскадно уредено со делкан камен и коцка, а во нејзина близина има уште две други чешми.

    На последната редовна средница на општинкиот Совет, советниците од Поинаку реагираа дека има технички неисправна вода во парк каде често играат деца, а нема никакво известување дека таа не е за пење.

    „Дали знаете дека чешмата која тече во паркот кај Довлеџик има неисправна вода за пиење, а со месеци е пуштена? И таму децата пиееле технички неисправна вода. Дали е точно дека е добиено решение од Агенцијата за храна и втеринарство и дека е поставено известување, кое сега го нема, дека водата не е за пиење. За ова дознавме на 29 август кога целиот град немаше 24 часа вода, а таму имаше редица на луѓе кои полнеа вода за дома. Не знам кој ја направи чешмата, но паркот го правеше Општината. Има вода технички неисправна во парк за деца, а имаме градоначалник кој порано работел во Центарот за јавно здравје“, рече Габриела Илиевска, претседателка на Советот која доаѓа од независната советничка група Поинаку.

    Од Општина Битола ни одговорија дека се работи за техничка вода, дека таму е ставено известување дека таа не е за пиење и се работи на нејзино целосно запирање.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира