ДЕЦАТА НИ ПОВТОРУВААТ ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДА ИМААТ ПОВЕЌЕ УЧЕНИЦИ, РЕКОА РЕВОЛТИРАНИТЕ РОДИТЕЛИ ОД КОНЧЕ И СЕ ЗАКАНИЈА ДЕКА НЕМА ДА ГИ ПУШТААТ НА ШКОЛО

    ДЕЦАТА НИ ПОВТОРУВААТ ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДА ИМААТ ПОВЕЌЕ УЧЕНИЦИ, РЕКОА РЕВОЛТИРАНИТЕ РОДИТЕЛИ ОД КОНЧЕ И СЕ ЗАКАНИЈА ДЕКА НЕМА ДА ГИ ПУШТААТ НА ШКОЛОРодителите протестираа на стартот на новата учебна година (Фото: СДК.МК)

    Во ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Конче претходната учебна година не ја поминаа 11 ученици, од кои девет од турската националност. Нивните родители, револтирани од мерката за повторување, на почетокот на новата учебна година, како што најавија, почнаа да ја бојкотираат наставата и се заканија дека ќе спроведат и свои радикални мерки.

    Ни кажаа само дека просветната комисија по извршениот вонреден надзор ги потврдил повторувањата на учениците, но не ни го покажаа записникот и никој од нив не разговарал со нас. Како може ученици кои имале и по десет единици на крајот да поминат, а нашите деца со три единици да го повторуваат одделението. Редовно ги поминале сите досегашни оддленија, а сега осмо и деветто одделение да го повторуваат. Затоа се сомневаме во записникот и сметаме дека намерно се прави нашите ученици да повторуваат за да имаат повеќе ученици и да ги исполнат нивните квоти за паралелки и одделенија“, рекоа револтираните родители на денешниот протест.

    Тие дополнуваат дека и да ги пуштат на школо, самите ученици не сакаат да одат. Со повторувачите се солидаризираат и нивните братчиња и сестрички, кои не се повторувачи, па и тие не сакаат да одат на училиште.

    Ние кои ги носиме децата на училиште имаме трошоци. Сега за исто одделение пак да ги имаме истите трошоци? Ќе трошиме пари, а децата ќе тапкаат во место. Ни се закануваат дека ќе бидеме казнети. Па, ние веќе сме казнети и со овие мерки. И не се плашиме од казна, но предупредуваме дека со ваквиот однос ние сме принудени да размислуваме и за целосно сосе семејствата да се иселиме од земјата“, велат родителите на учениците повторувачи во Конче.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира