ДИРЕКТОРОТ НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ РЕЏЕПИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, МЕСЕЦ ДЕНА ОТКАКО АРСОВСКА МУ ДАДЕ МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОР

    ДИРЕКТОРОТ НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ РЕЏЕПИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, МЕСЕЦ ДЕНА ОТКАКО АРСОВСКА МУ ДАДЕ МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОРГрадоначалничката Арсовска пред еден месец му даде на Реџепи менаџерски договор од 4 години. (Фото: Фејсбук)

    Директорот на ЈП „Паркови и зеленило” Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ, поднесе оставка. Како што напиша тој на официјалниот фејсбук профил на претпријатието, оставката ја дава поради здравствени причини.

    „Поради здравствени предизвици денес си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП ‘Паркови и зеленило’. И’ благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција“, вели тој.

    Реџепи беше назначен на функцијата лани во септември откако кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери си поднесоа оставки по караницата на скопската градоначалничка Данела Арсовска.

    Градоначалничката пред еден месец му даде на Реџепи менаџерски договор од 4 години.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира