ДКЦ „КАРПОШ“ ДОБИ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ПРИРОДНИ НАУКИ

    ДКЦ „КАРПОШ“ ДОБИ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ПРИРОДНИ НАУКИСо донација на фармацевтската компанија „Варус“ центарот е опремен со интерактивен панел кој овозможува 3Д модели од анатомија, микроскопи, анатомски модели од човековото тело, модели на ДНК, целосен хемиски лабораториски сет и апарат за дестилација.

    Детскиот културен центар „Карпош“ доби нов едукативен центар за деца и млади од 5 до 17 години. Едукативниот центар е за надградување на вештините и знаењата од областа на природните науки. Едукативниот центар е опремен со интерактивен панел кој овозможува 3Д модели од анатомија, микроскопи, анатомски модели од човековото тело, модели на ДНК, целосен хемиски лабораториски сет и апарат за дестилација.

    Едукативниот центар е донација на фармацевтската компанија „Варус“ која годинава одбележува 30 години постоење.

    „Денеска во Детскиот културен центар „Карпош“, отвораме нов едукативен центар благодарение на општествената одговорност на компанијата „Варус“. Станува збор за центар во кој нашите деца, нашите ученици, ќе можат надвор од своите редовни школски активности да ги развиваат своите афинитети кон природните науки во најсовремени услови кои беа овозможени благодарејќи на оваа донација. Ќе ги повикам и другите општествено одговорни компании во нашиот град да инвестираат во знаењето на децата, на оние кои ќе треба да бидат носители во нашето општество“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    Дополнително, „Варус“ хортикултурно го уреди и надворешниот простор во мала ботаничка градина.

    „Овој центар за природни науки претставува наш мал придонес во развојот на потенцијалите на нашите најмлади истражувачи и идни научници во државата. Ова е место, со кое се надеваме дека дополнително ќе го поттикнеме нивното љубопитство за природни науки, каде ќе можат да ги прошират своите хоризонти и да ги остварат своите идеи“,- изјави Марко Нововиќ, извршниот директор на компанијата „Варус“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира