ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ ОПШТИНИТЕ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ НА ВТОРИОТ ВЛАДИН ПОВИК ЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ, ПРЕДВИДЕНИ СЕ 250 МИЛИОНИ ЕВРА

    ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ ОПШТИНИТЕ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ НА ВТОРИОТ ВЛАДИН ПОВИК ЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ, ПРЕДВИДЕНИ СЕ 250 МИЛИОНИ ЕВРАНа првиот повик беа избрани 288 проекти на 80 Општини. (Фото: К. Попов)

    Владата денеска го објави вториот повик за инфраструктурни проекти на кој може да аплицираат сите Општини во државата. За вториот повик предвидени се 250 милиони евра, а како што кажа министерот за локална самоуправа Златко Перински, по забелешките на Општините по првиот повик, сега има олеснување во постапката за аплицирање.

    На овој повик нема да има ограничување, односно Општините нема да мора да ги почнат проектите до крајот на годинава. Тоа значи дека Општините ќе можат да аплицираат и со поголеми проекти за кои е потребно повеќе време за подготовка. Исто така, олеснети се и постапките за добивање градежна дозвола за објекти од јавен интерес и сметам дека тоа ќе допринесе да се аплицира и за проекти како изградба на градинки, училишта и слично“, рече министерот Перински.

    На првиот повик беа избрани 288 проекти на 80 Општини. Како што кажа министерот Перински, од нив 50 веќе се реализираат, а 251 се со завршени постапки за јавни набавки или во крајна фаза. Само за 37 проекти уште не е почната тендерската постапка.

    Најголем интерес на првиот повик имало за изградба на улици и патишта, за што имало дури 225 проекти.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира