ДОБРА Е СИГНАЛИЗАЦИЈАТА, СТРАНЦИТЕ СЕ ГУБАТ ОТИ ВОЗАТ СО НАВИГАЦИЈА, ВЕЛАТ ОД ДРЖАВНИ ПАТИШТА ПО СООБРАЌАЈКАТА НА НОВИОТ АВТОПАТ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА

    ДОБРА Е СИГНАЛИЗАЦИЈАТА, СТРАНЦИТЕ СЕ ГУБАТ ОТИ ВОЗАТ СО НАВИГАЦИЈА, ВЕЛАТ ОД ДРЖАВНИ ПАТИШТА ПО СООБРАЌАЈКАТА НА НОВИОТ АВТОПАТ КАЈ ДЕМИР КАПИЈАСтранци се жалат дека патот е лошо обележан. - Новиот автопат Демир Капија-Смоквица; ГПС навигација

    Странци залутуваат и возат по новиот автопат Демир Капија-Смоквица кој сѐ уште не е пуштен во употреба и се жалат дека патот е лошо обележан. ГПС навигацијата денеска однела унгарски туристи на новиот автопат, кои потоа имале сообраќајна несреќа кај демиркаписките тунели, удирајќи се во бетонски огради.

    „Навигацијата нѐ тераше натаму. Удривме директно во бетонските огради кои што го блокираат патот за кој што подоцна дознавме дека сѐ уште не е во употреба“, кажале повредените Унгарци во болницата во Неготино.

    Од ЈП Државни патишта велат дека сигнализацијата е добра, но проблем настанува, бидејќи апликациите за ГПС навигација не покажуваат дека има работа на патот.
    „Сигнализацијата има. Сообраќајки настануваат ако странците возат со само со ГПС, бидејќи тој не покажува дека има работа на патот“, изјави директорот на Државни патишта Зоран Китанов, кој вели дека е обврска на изведувачот „Гранит“ да постави сигнализација.

    Унгарците оделе на свадба во Македонија, но не стигнале. Доктор Ратко Грков од Брза помош Неготино кажа дека една девојка се здобила со скршеници и била препратена во велешката билница, а друга со набиеници по целото тело. Возачот поминал без повреди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира