Работник кој ја косел тревата покрај патот Штип –Кочани, во близина на населбата Три Чешми, е удрен од кола која излетала од патот и се превртела. 42-годишниот работник со тешки телесни повреди е однесен во Клиничката болница во Штип, а возачот со телесни повреди е задржан во истата болница, велат од СВР Штип.
Од полицијата велат дека дека по неполни два часа, пак во близината на населбата Три Чешми, од патот излетала друга кола која се превретела. Внатре биле две жени, едната возела, а другата сопатничка. И тие со телесни повреди биле задржани во Штипската болница.
Т. ЈОВАНОВСКИ