ДОЈАВА ЗА ПОДМЕТНАТИ БОМБИ ВО УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА, ТЕТОВО И СКОПЈЕ

    ДОЈАВА ЗА ПОДМЕТНАТИ БОМБИ ВО УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА, ТЕТОВО И СКОПЈЕДојави за бомби имаше во половина од битолските основни училишта и пред една недела (Фото: СДК.МК)

    Утрово имаше дојава за подметнати бомби во две битолски основни училишта „Стив Наумов” и „Тодор Ангелевски”. Наставата е прекината, а вработените и учениците евакуирани. Полицијата ги истражува случаите.

    Дојави за бомби имаше во половина од основните училишта и пред една недела, но се покажаа дека се лажни.

    МВР информираше дека дојава за подметната бомба има и во седум скопски училишта, без да прецизира кои.

    И до две основни училишта во Тетово беа испратени пораки за подметнати бомби. На удар се најдоа основните училишта „Лирија“ и „Кирил и Методиј“. Веднаш по дојавите, училиштата се евакуирани, а на местото дојдоа екипи на МВР и на противпожарната едниница од Тетово. Пристапот до училиштата е блокиран, а полицијата врши пребарување на просториите на училиштата.

    „Дoсега во СВР Тетово e пријавено дека на електронските адреси на две основни училишта во Тетово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА/З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира