ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО ШТИП Е ПРВАТА КУЛТУРНА УСТАНОВА ВО ЗЕМЈАВА КОЈА САМА ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА

    ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО ШТИП Е ПРВАТА КУЛТУРНА УСТАНОВА ВО ЗЕМЈАВА КОЈА САМА ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈАФотоволтаичните панели се на кровната конструкција на Домот, на површина од 1.100 квадратни метри (Фото: СДК.МК)

    Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип е првата ваква установа во Македонија која има инсталирано фотоволтаична централа, со која ќе ги покрива своите месечни потреби за струја. Фотоволтаичните панели се на кровната конструкција на Домот, на површина од 1.100 квадратни метри и се со производство од еден мегават на ден.

    За да ја реализираме оваа вредна инвестиција, првин ја реконструиравме целата кровна конструкција која протекуваше, па со овој проект направивме две мошне добри дела“, вели директорот Горан Трајков.

    Според него, централата ќе зрачи со енергија од утре, што ќе се совпадне со завршувањето на летната програмска шема на Домот и по тој повод ќе има неколку содржини.

    Во вечерните часови се предвидени настапи на диџеи и бендови со електронска музика, а преку ден во фоајето на Домот ќе има уметнички работилници. Во исто време, Штип ќе биде домаќин на Карванот на Тоше Проески, па дел од експонатите од неговата Спомен куќа во Крушево ќе се најдат и во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира