Никој не се погрижи да ја исчисти шумата што нарасна во реката Драгор во Битола, но важно е тоа што се пуштија пајки да пливаат низ водата заради нејзино разубавување. Неколку пајки се одгледуваат во речното корито, а направена им е и стреа.
Битолчани се прашуваат дали пајките ќе преживеат, со оглед на тоа што водата во реката е екстремно загадена. Според Локалниот еколошки план на Општината, дел од канализацијата се влева во реката.
„Во неа не преживеаја рибите, а не пајките“, коментираат битолчани.
Уште лани летото, професори од Биотехничкиот факултет најавија проект за пуштање пајки во реката за да се разубави нејзиното течение во центарот на градот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА