ДРЖАВАТА ГУБИ 325 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ПОРАДИ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

    ДРЖАВАТА ГУБИ 325 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ПОРАДИ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТОСекоја инвестиција помала од сегашните штети е исплатлива. - Јани Макрадули (Фото: СДК)

    Заменикот-министер за екологија Јани Макрадули на научен форум во Штип кажа дека намалувањето на аерозагадувањето е еден од приоритетите на оваа влада, бидејќи тоа сега ѝ предизвикува големи штети и на државата.

    „Здравствените проблеми и отсуствата од работа, кои се последица на аерозагадувањето, ја чинат државата 325 милиони евра годишно. Секоја инвестиција која ќе биде помала од овие штети е исплатлива за државата“, рече Макрадули.

    Според него, Владата презема напори за намалување на загадувањето, па во таа насока разгледува можности за давање субвенции за набавка на печки на пелети и за набавка на автобуси и автомобили на струја, а идно долгорочно решение е гасификацијата на домаќинствата кои сега користат дрво, јаглен и слично за огрев и со тоа предизвикуваат големо загадување.

    Макрадули смета дека, во меѓувреме, најдобро е граѓаните да бидат приклучени на системот на парно греење, затоа што е најекономично, најквалитено и најеколошко.

    Форумот се одржа во Штип, кој располага со современи лаборатории за испитување на сите видови загадување на отворен и затворен простор.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира