ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НАЈАВУВА КАЗНИ ОТИ УТВРДИЛ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИСТЕКУВАЊЕТО НА МАЗУТОТ ОД ВЕЛЕШКА МАСЛОДАЈНА

    ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НАЈАВУВА КАЗНИ ОТИ УТВРДИЛ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИСТЕКУВАЊЕТО НА МАЗУТОТ ОД ВЕЛЕШКА МАСЛОДАЈНАОд увидот на Инспекторатот е видливо истекувањето на мазутот како во кругот на инсталацијата така и надвор, во животната средина; - Еко инцидентот со истечениот маут од Маслодајна се случи минатата недела. (Фото: СДК.МК)

    Минатонеделното истекување на мазутот од резервоарот на велешка Маслодајна, кој следниот ден заврши во реката Вардар, нема да мине неказнето. Од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) најавуваат казни за сторителот, кого не го именуваат. Надлежни инспектори од Струмица од ДИЖС, по барање на Општина Велес во недостаток на општински инспектор за животна средина, минатата среда направиле вонредна инспекција во Маслодајната „Благој Ѓорев“ во Велес. При инспекцијата биле утврдени неправилности.

    „Изготвен е записник за констатација од 17 јуни на утврдените неправилности, согласно Законот за животна средина и Законот за управување со отпад. Од увидот е видливо истекувањето на мазутот како во кругот на инсталацијата така и надвор, во животната средина. За истите, ДИЖС презема мерки и ќе се санкционираат согласно Законот за животна средина и Законот за управување со отпад“,се вели во писмената информација на Службата за комуникација со јавноста на ДИЖС, која САКАМДАКАЖАМ.МК ја доби како одговор по поставеното прашање, што констатирала надлежната инспекција при контролата во велешка Маслодајна.

    Инспекцијата од ДИЖС била направена во фабриката за масло „Благој Ѓорев“, иако таа е во постапка на добивање на „Б“ интегрирана дозвола, но е и во надлежност на општинскиот инспекторат. Од ДИЖС дополнуваат дека бидејќи Општина Велес нема овластен инспектор за животна средина, по писменото барање, од Инспекторатот извршиле контрола „на загадувањето на животната средина, причинета при истекувањето на мазутот кое е значително, со целосна инспекциска постапка за утврдување на причините“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира