ДРЖАВНИОТ САНИТАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ЌЕ ГО ИСПИТУВА СЛУЧАЈОТ СО КОРОНАВИРУС ВО ДОМOT ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО БИТОЛА

    ДРЖАВНИОТ САНИТАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ЌЕ ГО ИСПИТУВА СЛУЧАЈОТ СО КОРОНАВИРУС ВО ДОМOT ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО БИТОЛА85-годишниот пациент бил примен на 18 март, една недела подоцна однесен на Инфективното одделение во Клиничката болница поради покачена температура, а следните денови добиена е потврда дека брисот КОВИД-19 е позитивен, рече Филипче. (Фото: СДК.МК)

    Државниот санитарен и здравствен инспкеторат (ДСЗИ)  ќе ја испита целата постапка, односно целокупниот процес во домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола, каде 85-годишен пациент е заболен од коронавирус, најави министерот за здравство Венко Филипче.

    „Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ја испита целата постапка, целокупниот процес од приемот, па како се одвивал целиот процес третман на давање услуга и нега на штитеникот таму. Ќе го чекаме наодот од увидот. Инаку, штитеникот бил примен на 18 март, една недела подоцна однесен на Инфективното одделение во Клиничката болница поради покачена температура, а следните денови добиена е потврда дека брисот КОВИД-19 е позитивен. Земени се брисеви на сите во останатите соби, на дел од персоналот кои биле во контакт, а дадени се препораки за темелно чистење“, рече Филипче.

    САКАМДАКАЖАМ.МК за заболениот од домот објави во понеделникот. Тогаш информиравме дека се претпоставува оти пациентот бил заразен од внука која дошла од Германија, како и за тоа дека се земени брисеви од повеќе штетници и вработени. Осумина од вработените се во домашна изолација.

    Министерот Филипче изјави дека епидемиолошката анкета во Домот е целосно завршена.  По испитувањето на брисевите, утврдено е дека двајцата штитеници кои беа заедно со заболениот пациент во собата се негативни на вирусот. Се очекуваат резултати од другите брисеви.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира