ДУИ НЕ ГО ЧИСТИ СНЕГОТ ВО АРАЧИНОВО ОТИ ГЛАСАЛЕ ЗА СДСМ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДУИ НЕ ГО ЧИСТИ СНЕГОТ ВО АРАЧИНОВО ОТИ ГЛАСАЛЕ ЗА СДСМ

    Жителите на Арачиново ја обвинуваат локалната самоуправа и градоначалникот Брахим Ајвази дека останале затрупани со снег како казна дека не гласале за ДУИ на изборите на 11 декември минатата година.

    Во Арачиново од вчера функционира импровизирано комунално претпријатие кое самоиницијативно го формираа жителите за да го исчистат снегот од улиците. Тие се жалат дека Општината, откако падна снегот на почетокот на месецов, ниту еднаш не излегла да го чисти. Улиците се затрупани и тешко проодни. На главните, колите го разгазиле снегот, но има споредни улички по кои воопшто не поминале коли десетина дена, па се познаваат само натапкани патеки по кои одат жителите пеш.

    Во неколку наврати жителите побарале од општинарите да почнат да ги чистат улиците, па откако виделе дека Општината е глува за нивните барање, помош за чистење на снегот побарале од СДСМ, како партија која освои најмногу гласови на изборите од минатиот месец.

    „Побаравме помош за чистење на снегот од Зоран Заев и од Оливер Спасовски и тие ни донесоа булдожери. Две недели ќе бидат тука за да можеме сами да си го исчистиме снегот оти Општина како да не постои во Арачиново“, велат жителите.

    Градоначалникот на Арачиново,  Брахим Ајвази е надостапен за коментар. На телефонот во Општина Арачиново утрово никој не се јавува, за да објасни зошто нивната комунална служба не ги чисти улиците.

    На ист начин, самоинцијативно, дел од жителите на Арачиново си направија и канализација. Општината им ги асфалтираше улиците, а оти немале пари и за канализација па жителите се самоорганизираа и изградија канализација пред асфалтирањето за да си го заштитат асфалтот од дополнително раскопување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира