ДВА ДЕНА НЕ ВОЗИ ЕДИНСТВЕНИОТ ПАТНИЧКИ ВОЗ СКОПЈЕ-БИТОЛА ОТИ СЕ РАСИПАЛА ЛОКОМОТИВАТА

    ДВА ДЕНА НЕ ВОЗИ ЕДИНСТВЕНИОТ ПАТНИЧКИ ВОЗ СКОПЈЕ-БИТОЛА ОТИ СЕ РАСИПАЛА ЛОКОМОТИВАТАВозот не трна оти била расипана единствено достапната дизел локомотива која можела да го вози. (Архивска фотографија)

    И тој еден патнички воз кој сообраќа од Скопје за Битола и обратно, во четвртокот попладне и петокот наутро не сообраќал. Патници кои биле на станицата, велат дека железничарите кои биле на перонот кажале оти била расипана единствено достапната дизел локомотива која можела да го вози возот.

    Поради тоа што возот попладнето не тргнал за Битола, а патниците залудно чекале на станиците во Велес, Чашка, Богомила. Бидејќи патнички воз не стигнал во Битола, следното утро во 3,30 ч немало железничка композиција која од Битола ќе сообраќа за Скопје.

    Така, уште вториот ден откако без образложение стапи на сила редуцираниот патнички сообраќај од и кон Битола, единствениот патнички воз од Скопје за Битола и обратно не сообраќаше.

    Пред четири дена прашавме во ЈП МЖ Транспорт колку локомотиви, електрични и дизел има, во возна состојба? Колку патнички гарнитури, дизел и електрични, се во возна состојба? Дали постојниот возен парк ги задоволува можностите за одржување на патничкиот железнички сообраќај според важечкиот возен ред за 2023 година, на релациите до Гевгелија, Битола, Кочани, Кичево и Куманово?

    Од ЈП МЖ Транспорт нема одговор.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира