ДВА ПИНГВИНА СЕ РОДИЈА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

    ДВА ПИНГВИНА СЕ РОДИЈА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНАПингвините се родија на 23 и на 26 ноември (Фото: Фејсбук)

    Во скопската Зоолошка градина се родија два пингвина, објави Скопје ЗОО.
    Нашиот пар Џонатан и Лила се родители на две мали пингвинчиња кои се испилија на 23 и на 26 ноември. Пингвините несат по најмногу две јајца, а најчесто преживува само едно, но во Скопје ЗОО со сета грижа успешно се справуваме со овој предизвик веќе трета сезона и ова е трета година како што имаме бебиња, што е голема реткост во поголемиот број зоолошки, но и во природата.
    Крвната линија на нашето јато започна од Русија и Италија, а со бебињата кои ги имаме успешно ја продолжуваме одржливоста на видот Хамболт пингвини во Европа и светот“, велат од Зоолошката.
    Овие јужноамерикански птици се многу интелигентни и бараат многу внимание и грижа. Најчеста закана за болести е периодот кога има влага и испарување, а во светски рамки и маларијата која ја пренесуваат комарците.
    „Затоа просторот околу живеалиштето е целиот посаден со лаванда, а во пештерите каде што живеат пингвините имаат меки гнезда направени од лаванда во кои најмногу уживаат“, велат од Скопје ЗОО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира