ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА КАВАДАРЧАНЕЦОТ КОЈ СО НОЖ УБИ СОГРАЃАНИН, ПРЕСУДАТА СТАНА ПРАВОСИЛНА

    ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА КАВАДАРЧАНЕЦОТ КОЈ СО НОЖ УБИ СОГРАЃАНИН, ПРЕСУДАТА СТАНА ПРАВОСИЛНАУбиството со умисла се случи на 16 ноември 2021, во два часот по полноќ, во Кавадарци во Брушарско Маало по расправија за старателство над дете. - Основен суд Кавадарци (Фото: СДК.МК)

    Кавадарчанецот Сафет Хамза (47) доби 20 години затвор за убиството на Зулфи Паша (57), исто така oд Кавадарци. Оваа пресуда на Основен суд Кавадарци, ја потврди Апелација Скопје и таа е правосилна.

    Убиството со умисла се случи на 16 ноември 2021 година, во два часот по полноќ, во Кавадарци во Брушарско Маало, по расправија за старателство над дете. Според обвинението, Хамза го убил Зулфи нанесувајќи му два убоди со нож во градите. Убиството се случило при меѓусебна тепачка на обвинетиот со трето лице, во дворот на куќа на улицата Методија Џунов-Џикот во Кавадарци. Зулфи се обидел да ги раздвои, меѓутоа, Хамза му нанел повреда со ножот во срцето, па тој починал на пат кон болница.

    Жалбата на обвинетиот била поради тоа што на ножот, со кој е извршено убиството, не биле пронајдени негови ДНК траги, туку на други лица. Судот се повика на двајца сведоци кои јасно и недвосмислено кажале дека виделе како обвинетиот со нож го прободел Паша. Како отежителна околност на Хамза судот го зел тоа што имал пресуди за други сторени кривични дела и дека по убиството побегнал за Радовиш, каде бил пронајден два дена подоцна.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира