ДВАЈЦА МЛАДИНЦИ И ДЕТЕ МЕЃУ НОВОЗАРАЗЕНИТЕ СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС

    ДВАЈЦА МЛАДИНЦИ И ДЕТЕ МЕЃУ НОВОЗАРАЗЕНИТЕ СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕССите случаи регистрирани неделава во Велес се млади и деца. (Фото: СДК.МК)

    Во текот на вчерашниот ден во Велешко се регистрирани три лица позитивни на ковид-19, а еден е оздравен, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. Сите случаи регистрирани неделава се млади и деца. Со ова, активни во Велешко се 42, вкупниот број на заразени е 189, 13 се починати.

    „Имаме два случаи на релативно млади лица, заразени се од родителите, кои се позитивни и во двата случаи, фамилијарен кластер. Имаме едно дете исто така заразено во фамилијарен кластер. Вчера имаме едно лице оздравено од домашно лекување, а завчера лице кое било на Инфективното одделение. Имаме еден случај на лице докажано од минатата седмица, се водел како скопски, денес е одлучено дека жената е велешки случај и претходно е веќе вброена во базата за Велес и таа е на домашно лекување“, велат од Центарот за јавно здравје  во Велес.

    Последните денови, после двајцата млади полицајци и детето повратник од Србија, вчера новорегистрираните се исто така млади.

    Од активните случаи во Велешко 28 се на домашно лекување, а 13 се на Инфективно одделение од Велешката болница. Пациентите кои до вчера беа во приватните клиники од Скопје се пуштени на домашно лекување, во очекување на вториот негативен тест.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари