ДВЕ ГОДИНИ И ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА 20-ГОДИШНИК ОД ПРИЛЕПСКО КОЈ ВО 2023 ИЗЛЕТА СО КОЛАТА ПРИ ШТО ЗАГИНА ЕДНА ДЕВОЈКА, А ЕДНА БЕШЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНА

    ДВЕ ГОДИНИ И ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА 20-ГОДИШНИК ОД ПРИЛЕПСКО КОЈ ВО 2023 ИЗЛЕТА СО КОЛАТА ПРИ ШТО ЗАГИНА ЕДНА ДЕВОЈКА, А ЕДНА БЕШЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНАСемејството на загинатата Стевановска на протестот „Стоп за жртвите од сообраќајното насилство“ во феврури во Неготино кажа дека 18 месеци нема никаква информација до каде е случајот. (Фото: СДК.МК)

    Дваесетгодишниот В. М.  од Пешталево, Прилепско е осуден на затворска казна од две години и девет месеци, за сообраќајка во која загина една девојка,  а една беше тешко повредена. Тој е прогласен за виновен во Основен суд Прилеп за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, со кое за ваква сообраќајка предвидената казна затвор е до пет години. Предметот бил по жалба до Битолска Апелација, соопштија од Основен суд Прилеп.

    Сообраќајната несреќа се случи на 28 август 2023 околу 22 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп, близу селото Долнени. Со наредените вештачења било утврдено дека брзината на автомобилот не била прилагодена на условите на патот, по што возилото марка „фолксваген голф“ удрило во земјен брег и кај оштетените настапиле тешки телесни повреди, од кои едната починала. Од повредите на место починала сопатничката Михаела Стевановска (18) од Прилеп, а тешки телесни повреди добиле возачот В. М. и другата сопатничка Б. С.(18) од Прилеп. Стевановска живеела во странство и била дојдена летото на одмор во родниот крај.

    Од Обвинителството за овој случај одговорија дека во октомври лани било поднесено обвинение, а судскиот процес во Основен суд Прилеп требаше да започне во април годинава.

    Блиските на Стевановска во феврури годинава го актуелизираа овој процес, реагирајќи  дека немаат никакви информации до каде е делото. Тие заедно со десетина други семејства протсетираа во Неготино со семејството на Фросина Кулакова, како жртви на сообраќајните несреќи за процеси кои се водат долго или дека ги сметаат изречените казни за минимални.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира