ДВЕ ЗАБРЗАНИ КОЛИ УДРИЈА ПЕШАК ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ТЕШКО Е ПОВРЕДЕН

    ДВЕ ЗАБРЗАНИ КОЛИ УДРИЈА ПЕШАК ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ТЕШКО Е ПОВРЕДЕНВо сообраќајната несреќа на крстосницата на булеварите Партизански одреди и Климент Охридски вечерва тешко е повреден пешак на возраст меѓу 60 и 70 години кој стоел покрај коловозот и најверојатно чекал да помине (Фото: СДК.МК)

    Во сообраќајна несреќа вечерва во центарот на Скопје, на крстосницата помеѓу Партизански одреди и Климент Охридски, беше прегазен и тешко повреден пешак. Според очевидци на сообраќајката што се случи околу 19.45 часот, пешакот стоел покрај коловозот и најверојатно чекал да помине, кога бил удрен од две забрзани коли и отфрлен неколку метри во висина по што удрил во бандера.

    „Во сообраќајната несреќа на крстосницата на булевар Партизански одреди со булевар Климент Охридски вечерва повреден е пешак на возраст меѓу 60 и 70 години. Наши екипи веднаш интервенираа и пациентот во тешка состојба, но жив е пренесен во Ургентен центар на Скопските клиники. Имаше повреди на повеќе органи, бидејќи веројатно бил удрен од двете возила”, вели дежурниот лекар од Службата за итна медицинска помош.

    Полицијата врши увид во сообраќајката, официјални информации за причините се очекуваат подоцна.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари