ДВОЈНО ПОМАЛКУ БОЛНИ ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ВО ВЕЛЕШКО ВО 2024, ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД ГРИП И КОВИД-19, ВЕЛИ ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    ДВОЈНО ПОМАЛКУ БОЛНИ ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ВО ВЕЛЕШКО ВО 2024, ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД ГРИП И КОВИД-19, ВЕЛИ ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕНајголемиот број на случаи лани се капкови или респираторни заразни заболувања. (Фото: СДК.МК)

    Лани имало големо намалување на заразните заболување во Општина Велес. Лани имало 271 болни, а 600 во 2023, според извештајот на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) доставен до Советот на Општина Велес. Најголемиот број на случаи лани се капкови или респираторни заразни заболувања.
    „Имаме големо намалување на бројот на варичели, од 452 на 102. Лани имаше 32 случаи на шуга, пет на бруцелоза, четири на пертусис. Од цревните заболувања има регистрирано 44 случаи, што е помалку  од претходните години“, се вели во извештајот на Центарот за јавно здравје.
    Во извештајот болните од грип и ковид-19 се водат одвоено, а лани имало 749 болни од грип од кои еден починат, и 12 со ковид-19 од кои еден починат.
    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира