ГИ ИЗБОЛ ДО СМРТ ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА И ТАТКО Ѝ, ПА СЕ САМОУБИЛ

    ГИ ИЗБОЛ ДО СМРТ ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА И ТАТКО Ѝ, ПА СЕ САМОУБИЛДвете убиства се случија на иста улица близу Градскиот саат (Фото: СДК.МК)

    Двојно убиство се случи попладнево во Велес, а сторителот се самоубил. Настанот се случил околу 15:30 часот во близина на Градскиот саат. Според соседите, поранешниот партнер на девојката ја убил прво неа, па татко ѝ, за подоцна самиот да се убие.

    Во СВР Велес е пријавено е дека на улицата Кочо Рацин во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р. К. (31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и таткото К. К. (74) , кој исто така имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И. С. (39) од Скопје, поранешен партнер на Р. К., за кој, според првичните информации, постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што самиот се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес, и кај него е констатирана смрт“, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.

    На местото на настанот дошла екипа на Итната помош, и тоа во два наврати.

    Бевме повикани околу 15:30 часот за да дадеме нега на девојка која имаше повеќе убодни рани. Дадовме неопходна нега и ја пренесовме на Ургентно одделение во велешка болница. Веднаш добивме нов повик за истата адреса. Таму имаше починато лице прекриено со чаршав и помладо лице кое имаше убодни рани во вратот. И на него му дадовме помош и го пренесовме на Ургентно“, кажа д-р Жарко Манасков од Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

    Двете повредени лица биле примени во велешка болница во лоша состојба, без знаци на живот.

    Во 15:30 часот беше донесена девојка без срцева реакција, без дишење. Беа констатирани шест повреди, нанесени со остар предмет. Беа преземени сите обиди за реанимција, немаше срцева реакција. Вкупната реанимација траеше 45 минути. Сите обиди беа безуспешни. Набргу потоа донесоа нов пациент, момче со убодни рани нанесени од остар предмет, сите во пределот на вратот. И кај него беше констатирано дека нема знаци на живот, дишење и срцева реакција“, кажа дежурниот хирург д-р Петре Кодовски од Општа болница Велес.

    Од ОЈО Велес информираа дека трите тела се пренесени на судска медицина на обдукција, а од местото на настанот се одземени сите предмети заради вештачење.

    Во Основен суд Велес на лицето за кое се верува дека го сторило делото му била изречена забрана за приближување до неговата поранешна девојка. Пред некој ден, во истата институција за истото лице завршил судски процес за две кривични дека, загрозување на сигруноста при вршење семејно насилство и за телесна повреда.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира