ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА ВОЗАЧОТ ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЈА ЗАГИНА ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА ВОЗАЧОТ ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЈА ЗАГИНА ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ

    На една година затвор е осуден Живко Бојковски (65) од Куманово, која ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина директорот на македoнската фудбалска репрезентација и поранешен голман Петар Милошевски (41).

    Сообраќајката во која животот го загуби Милошевски се случи на 13 март 2014 година во 23.15 часот, кога со службеното возило на ФФМ, кое го управувал претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, се враќале од еден кумановски ресторан, каде биле на вечера по одржување на хуманитарен фудбалски натпревар на поранешни репрезентативци во спортската сала за помош на болно дете во Куманово. При судирот на двете возила кај клучката во населбата Карпош, Пежото во кое Милошевски бил совозач се превртело и излетало од патот. Од задобиените повреди Милошевски починал на самото место, а беа повредени Бојковски и уште две лица.

    Вештачењето покажало дека Бојковски со своето возило зафатил дел од средната лента на патот, а возилото на Милошевски се движело со брзина од 95 километри на час каде ограничувањето било 60.

    На вчерашното рочиште Бојковски, кој од Кумановскиот суд е прогласен виновен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици извршени од небрежност, дал свој исказ во кој објаснил како се случила сообраќајката критичната вчер. Тој вели дека со својот џип Јаз се движел по магистралниот пат Куманово-Крива Паланка и на клучката во населбата Карпош се престроил во десната коловозна лента бидејќи завршувала левата, кога со голема брзина од спротивната насока наишло возилото на Милошевски кое го заслепило и удрило во него.

    Судењето траеше дури три години затоа што долго се чекаше вештачењето на автомобилот, а потоа било изработено уште едно техничко вештачење и супер вештачење.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира