Експлозијата што се случи вчеравечер во „Киро Дандаро“ во Битола настанала од запалено 50-литaрско буре, во кое имало мешавина од ацетат и алкохол, велат од печатницата за СДК.МК. Пожарот се случил во просторија за рециклажа, а мешавината печатницата ја користи за работниот процес. Од менаџментот на фирмата велат дека немаат материјална штета, ниту повредени.
Вчера и од битолската Противпожарна единица потврдија дека интервенирале во гаснењето на пожарот во печатницата. Стражарите, пак, рекоа дека се запалил материјал за рециклажа и дека вработени заедно со пожарникарите навреме го изгаснале.
„Киро Дандаро“ е печатница која со години наназад го печати избирачкиот материјал во земјава.
Ж. ЗДРАВКОВСКА