ЕКСПРОПРИЈАЦИЈАТА ГО КОЧИ ПРОБИВАЊЕТО НА БУЛЕВАРОТ ОД МОСТОТ „МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ“ КОН КЕРАМИДНИЦА

    ЕКСПРОПРИЈАЦИЈАТА ГО КОЧИ ПРОБИВАЊЕТО НА БУЛЕВАРОТ ОД МОСТОТ „МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ“ КОН КЕРАМИДНИЦАГрадоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека дел од сопствениците на куќите не сакаат да ја прифатат цената која ја нуди Град Скопје, па ќе мора да се води судски спор. (Фото: СДК.МК)

    Експропријацијата на објектите кои се на трасата после мостот „Михајло Апостолски“ го кочи пробивањето на булеварот од Аеродром кон Керамидница. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека дел од сопствениците на куќите не сакаат да ја прифатат цената која ја нуди Град Скопје, па ќе мора да се води судски спор.

    „Повеќето позиции се решени со спогодба, каде што барањата на граѓаните биле разумни. Постои спор со едно семејство, кое бара двојно поголема сума од проценетата. Првото рочиште за овој случај е закажано за јуни. За овој случај, работите не зависат од нас. Давам сè од себе, сакам да го пробијам тој мост. Експропријацијата нема целосно да се заврши веднаш, затоа работиме на опција да се пробијат две ленти и додека не се заврши целата постапка, да се вози по нив како излез од мостот“, рече Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот кажа дека сите имотно-правни прашања за клучката кај Момин Поток се решени во рекорден рок од пет месеци и на тој потег се работи со засилено темпо.

    Пролетва, како што најави, ќе почне проширувањето на булеварот Борис Трајковски кон Драчево и пробивањето на Љубљанска кон населбата Бардовци.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира