ЕСМ ГО ПОРИБИ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО СО ОКОЛУ 30 ИЛЈАДИ МЛАДИ ЈАГУЛИ

    ЕСМ ГО ПОРИБИ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО СО ОКОЛУ 30 ИЛЈАДИ МЛАДИ ЈАГУЛИВо езерото беа пуштени вкупно 29.421 единки на подмладок на јагула со вкупна тежина од 865 килограми. (Фото: АД ЕСМ)

    АД ЕСМ кај струшкиот брег вчера изврши порибување на Охридското Езеро со јагула од типот европска јагула. Во езерото беа пуштени вкупно 29.421 единки на подмладок на јагула со вкупна тежина од 865 килограми, со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот екосистем на езерото.

    Јагулата е набавена согласно законските прописи, преку распишан тендер, во вредност од 7 милиони денари, при што се запазени сите процедури за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото, соопштија од компанијата.

    Порибувањето на езерото во петокот беше одложено поради тоа што фирмата „Ново рибарство“ на самото место ја немаше комплетната документација за да ги пушти младите единки на јагула во езерото.

    Со изградба на хидроцентрали на реката Црн Дрим од македонска и од албанска страна пред повеќе децении беше прекинат природниот пат на охридската јагула која се мрестеше во Саргаското море.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира