ЕУ Е НАЈГОЛЕМИОТ ИНВЕСТИТОР ВО ВЕЛЕС ВО ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНА И ПОЛ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ

    ЕУ Е НАЈГОЛЕМИОТ ИНВЕСТИТОР ВО ВЕЛЕС ВО ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНА И ПОЛ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВНаскоро треба да почне и уредувањето на централното градско подрачје (Фото: СДК.МК)

    Европската Унија е најголемиот финансиер во Велес откако сегашниот градоначалник Марко Колев е на оваа функција. Тој изрази благодарност за финансиската помош што ЕУ ја дава за граѓаните.

    ЕУ е најголемиот донатор во Велес во изминатите 16 месеци откако ја извршувам функцијата градоначалник. Тука спаѓаат ‘Европската куќа‘, реконструкцијата на објектот кој треба да биде центар за млади во месноста Дворови и уредувањето на централното градско подрачје и кејот на Вардар, со што наскоро ќе започнеме“, кажа Колев.

    Во проектите кои треба да се реализираат е и изградба на пречистителна станица со колекторски систем за отпадните води од Велес, проект кој е заглавен во административните работи, вреден 24 милиони евра, грант од ЕУ.

    Во мандатот на претходниот градоначалник Аце Коцевски, ЕУ вложи милион евра за реализацијата на проектот „Паметно езеро Младост“, при што се изградија повеќе содржини. Но, дел од нив не се искористени, како екопаркот и куќи за ноќевање во форма на барик, набавени беа 20 електрични велосипеди кои не се во функција и отворено е туристичко биро во центарот на градот, кое не работи.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира