ФАТЕН ПИРОМАН ОД ПРИЛЕП КОЈ ПОТПАЛУВАЛ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД

    ФАТЕН ПИРОМАН ОД ПРИЛЕП КОЈ ПОТПАЛУВАЛ ВО МАКЕДОНСКИ БРОДУапсениот призанл дека 5 дена палел во во атарите на селата Слатина и Грешница. (Фото: СДК.МК)

    Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д. Т. (57) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување шумски пожар, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик.

    Според полицискиот билтен, „пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на селата Слатина и Грешница, Општина Македонски Брод, предизвикувал пожар на отворен простор, кој се проширувал и настанувале пожари на поголема површина, каде горела трева и нискостеблести растенија. Сите пожари биле изгаснати од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод и Подрачното шумско стопанство ‘Сандански’ – Македонски Брод“.

    При преземање на мерки во врска со пожарите, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го затекнале пријавениот Д. Т. на местото на настанување на пожар и при преглед кај него биле пронајдени предмети со кои може да се предизвика пожар. Со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој ги признал делата.

    Вчера, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов рее дека бројот на пожари во земјава е алармантен, пожарникарите се при крај на силите и со ова темпо на палење, се поставува прашањето што понатаму.

    Вчера имаше вкупно 46 пожари на отворен простор, од кои во моментов 2 се активни, 7 се под контрола и 37 се изгаснати. Активни се во Општина Макдонски Брод во с. Тажево,  с. Брезница и Јасен ( гориборова шума) и во Општина Студеничани во Дрешница и село Батинци (гори мешана шума).

    „Скопските пожарникари имаат полни раце со работа, се убија од работа, секојдневно гасат голем број на пожари. Само во Студеничани вчера имаше 4, во Гази Баба 4, еден во Арачиново. Ресурсите се трошат, пожарникарите се при крајот на силире и се поставува прашањето што со ова темпо доколку граѓаните продолжат да палат намерно или ненамерно. Нашите сили се при крај, а и помошта од странство исто така е намалена“, апелираше Ангелов.

    Тој додаде дека најголем дел од пожарите се подметнати и затоа апелира до граѓаните ако забележат сомнително лице во близина на шуми, да се јават на бројот 112.

    Министерството за внатрешни работи (МВР) од 6 август со дронови следи движење по шумите кое е забрането од 15 јули, ненамерно предизвикување пожар поради несовесност и намерно подметнување пожари.

    „Со воведувањето на овие оперативни мерки, се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку и детектирање на можните причини или причинители“, вели МВР.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира