Апелацискиот суд од Скопје ја отфрли жалбата на компанијата „Кунико ресорсис“ за стечајот во кавадаречката фабрика „Фени“, информираа од велешкиот Основен суд. Така останува одлуката на велешкиот суд, дека фабриката е во стечај и на 7 февруари ќе се одржи испитно рочиште за финансиско -материјалната состојба и извештајно Собрание на доверители.
На дневен ред на ова подготвително рочиште е констатирање на побарувања од страна на доверителите. Стечајот се отвори по барање на неколку банки „Комерцијална банка АД Скопје“, „Стопанска банка АД Скопје“ и „Силк роуд банка АД Скопје“. Тие побаруваат околу 40 милиони евра, а вкупниот долг се проценува дека е над 60 милиони евра.
П. ПЕЧКОВ