Од Град Скопје велат дека фирма од Чаир, „Дизниленд Реквизити“, регистрирана пред еден месец, без соодветни документи и дозволи и без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред салата „Борис Трајковски“.
Оттаму додаваат дека Град Скопје извршил надзор и го казнил правното лице, но, како што велат од Градот, фирмата насилно продолжува да работи.
„Ги повикуваме надлежните институции и апелирамe да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“, велат од Град Скопје.