ФОНТАНАТА ВО СТРУМИЦА ПРЕПОЛНА СО ПЕНА ШТО СЕ ИЗЛЕА И НА ГЛАВНИОТ БУЛЕВАР

    ФОНТАНАТА ВО СТРУМИЦА ПРЕПОЛНА СО ПЕНА ШТО СЕ ИЗЛЕА И НА ГЛАВНИОТ БУЛЕВАРОд струмички „Комуналец“ велат дека најверојатно во фонтаната е ставено одредено средство за перење што предизвикува пена.(Фото: Јул медиа)

    Фонтаната на булеварот Маршал Тито во Струмица утрово осамна со пена, на денот кога се одбележува годишнина од ослободувањето на градот.

    „Ова е срамота. Очигледно некој сака да биде интересен. Место да се чува урбаната опрема ние ја уништуваме. Одговорните треба да ги пронајдат сторителите, јавно да ги објават и да ги санкционираат“, реагираа струмичани.

    Пената се излеа долж булеварот Маршал Тито. (Фото: „Јул медиа“)

    Од струмички „Комуналец“ велат дека најверојатно во фонтаната е ставено одредено средство за перење што предизвикува пена. Тврдат дека тоа е дело на несовесни граѓани, случајот го пријавиле во полиција, а во текот на денов фонтаната ќе биде исчистена.

    В. ТРАЈКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира