ФОТОГРАФИИ ОД ЗЛАТНИОТ АНТИЧКИ НАОД ОД НЕГОТИНСКО ЦЕЛА НЕДЕЛА ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ШТИП

    ФОТОГРАФИИ ОД ЗЛАТНИОТ АНТИЧКИ НАОД ОД НЕГОТИНСКО ЦЕЛА НЕДЕЛА ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ШТИПОд денеска до крајот на неделата во чест на 18 мај Светскиот ден на музеите во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип ќе биде отворена изложбата на златниот антички наод во Неготинско. ( Фото: СДК.МК )

    Фотографии со златен накит и монети кои датират од 4. и 3. век пред н. е., како непроценлив антички археолошки наод во селото Тремник, Општина Неготино, од денеска па до крајот на неделата, ќе се изложат во Уметничката галерија „ Безистен“ во Штип по повод Светскиот ден на музеите, 18 мај.

    Станува збор за арехеолошки наод од 2008 кој се состои од 2 монети-статери со ликот на Филип Втори и Александар Трети , потоа четири фибули со по пет ѕвездасти украсни испусти на лаковите, над 30 примероци на златни висулци во копјеста форма, 32 примероци на златни висулци во вид на лешник, 484 кружни алки со три реда гранули,  82 мали кружни алки со три реда гранули и по неколку примероци на златни завршетоци од ѓердан, ѓердани украсени со филигран и гранулација, дводелна кутија од злато и златен медалјон.

    „Вкупната тежина на овој гламурозен антички наод изнесува 1 килограм, богат со 22 проценти каратно злато и претставува еден од најзначајните наоди од овој вид во времето на македонско-хеленистичкиот период на територијата на Македонија кој се наоѓа во Археолошкиот Музеј на Македонија во Скопје“, вели  етнологот и кустос Драгица Чекоровска во каталогот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира