ГАЗДИ ОД ТЕТОВСКО ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА ДЕКА ИМ ИЗБЕГАЛЕ РАБОТНИЦИ ОД БАНГЛАДЕШ

    ГАЗДИ ОД ТЕТОВСКО ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА ДЕКА ИМ ИЗБЕГАЛЕ РАБОТНИЦИ ОД БАНГЛАДЕШРаботниците имале регулиран престој во Македонија (Фото: СДК.МК)

    Раководители на фирми од Доброште и Жеровјане пријавиле во СВР Тетово дека нивни работници, државјани на Бангладеш, кои имале регулиран престој во Македонија, заминале без да кажат каде и без да ги известат работодавачите.

    На 16.05.2026 во Полициската станица во Тетово, Б. Р. од село Доброште пријави дека три лица, државјани на Бангладеш, се оддалечиле во непознат правец. Тие биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале регулиран престој. Според пријавителот, истиот ден кога отишол да ги земе за да ги превезе до работните места, видел дека тие си заминале без да ги известат одговорните во фирмата“, соопшти СВР Тетово.

    Истиот ден во речиси исто време од село Жеровјане заминале две лица, исто така државјани на Бангладеш.

    На 16.05.2026 во Полициското одделение Жеровјане, И. Ј. од село Челопек, вработен во земјоделска задруга во истото село, пријави дека од задругата се оддалечиле две лица, државјани на Бангладеш. Тие биле вработени во задругата и имале регулиран престој, но си заминале без да ги известат одговорните во задругата“, соопштуваат од СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира