ГЕРАСИМОВСКИ ГО ИМЕНУВАШЕ ДУШКО КОЦЕВСКИ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА „ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ ОТКАКО НА КИЧЕВСКИ МУ ИСТЕЧЕ МАНДАТОТ

    ГЕРАСИМОВСКИ ГО ИМЕНУВАШЕ ДУШКО КОЦЕВСКИ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА „ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ ОТКАКО НА КИЧЕВСКИ МУ ИСТЕЧЕ МАНДАТОТКоцевски во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов беше заменик-директор на ЈП „Градски паркинг“.(Фото: СДК.МК)

    Душко Коцевски е нов в. д. директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го назначи на оваа функција откако на досегашниот директор Васко Кичевски му истече мандатот.

    Коцевски во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов беше заменик-директор на ЈП „Градски паркинг“.

    Досегашниот директор Кичевски вели дека изминативе четири години додека тој беше на чело на претпријатието, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ стана прво претпријатие во земјата кое целосно се дигитализираше преку воведување на нова веб-платформа и мобилна апликација преку кои граѓаните можат брзо, лесно и едноставно да ги користат услугите на претпријатието и паркиралиштата со кои стопанисува по електронски пат.

    Го воведовме светскиот тренд во рециклирањето преку проектот „И отпадот има вредност!“ и постави 25 повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки со цел да ги мотивира жителите да се вклучат во одржувањето на јавната чистота преку селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање кој е од големо значење за обезбедување на здрава и чиста животна средина во општината. Спроведовме и кампањата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“ со цел да се ослободат паркинг местата и јавните површини на територија на Општина Центар кои се зафатени од страна на хаварисани и напуштени возила и приколки кои претставуваат опасност за жителите и животната средина“, вели Кичевски.

    Тој вели дека во неговиот мандат реализирани се голем број кампањи за зголемување на свеста кај граѓаните за совесно паркирање и за користење на алтернативен начин на превоз.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира