ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА И ДРУГИ СТРАНЦИ ВОЛОНТЕРИ ГО ЧИСТЕА БРЕГОТ НА ВАРДАР ВО РИТАМОТ НА ДИСКО МУЗИКА

    ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА И ДРУГИ СТРАНЦИ ВОЛОНТЕРИ ГО ЧИСТЕА БРЕГОТ НА ВАРДАР ВО РИТАМОТ НА ДИСКО МУЗИКАГерманската амбасадорка Анке Холштајн меѓу волонтерите на акцијата за „Чисто Скопје“. (Фото: К. Попов)

    Околу стотина граѓани, вклучувајќи ги и германската амбасадорка Анке Холштајн и директорот на Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ, Давид Оберхубер, со семејствата, денеска учествуваа во чистењето на брегот на реката Вардар во Скопје. Настанот, кој преку социјалните мрежи го организираше волонтерката Шанел Албертин, заедно со група ентузијасти, повеќето од нив странци, наиде на голем одзив и се претвори во успешна иницијатива за чисто Скопје.

    Волонтерите, со слушалки на уши, чистеа во ритамот на апликацијата „Тивко диско“, а можеа да се освежат со кафе, чај и бисквити на шанкот за кој беше задолжен Геролд Шнабл, експерт за подобрување на квалитетот на воздух во Град Скопје.

    Волонтерите, со слушалки на уши, чистеа во ритамот на апликацијата „Tивко диско“. (Фото: К. Попов)

    Настанот го поддржаа Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ и неколку хотелско-угостителски објекти, кои ги обезбедија потребните средства, како и награди за највредните волонтери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира