ГЕРМАНСКИ ПАРАГЛАЈДЕРИСТ ОТВОРИ ФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СПОРТСКА ОПРЕМА ВО БИТОЛА

    ГЕРМАНСКИ ПАРАГЛАЈДЕРИСТ ОТВОРИ ФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СПОРТСКА ОПРЕМА ВО БИТОЛАРалф Гросел првпат дошол во Македонија пред осум години заради параглајдерски настан во Крушево (Фото: СДК.МК)

    Германскиот параглајдерист и кајтсурфер Ралф Гросел ја отвори фабриката „Брејнчајлд продукција“ во Битола, која на еколошки начин ќе произведува опрема за водени спортови. Тој раскажува дека првпат дошол во Македонија на покана на параглајдеристот Мартин Јованоски за да лета со параглајдер на фестивал во Крушево и многу му се допаднале условите и пределите што ги нуди државата за овој спорт.

    „Веќе осум години летам со параглајдер во Македонија. Сум бил во Крушево, на Галичица и на други места. Мислам дека државата има одлични услови за развој на овој спорт. Често доаѓам, а сега со фабриката и ќе останам тука“, рече Гросел.

    Тој додаде дека претходно работел во Украина и Кина, но сега сакаат да го вратат производството на опрема за спортови на ветер и вода во срцето на Европа.

    „Македоиија е токму во срцето на Европа. Видовме голем потенцијал во оваа мала земја. Во рамките на нашата новосоздадена лабораторија со седиште во Битола сме во можност да поставиме нови стандарди во оваа индустрија, кои ќе ги примениме во новата фабрика во Жабени со 400 работни места“, рече Гросел.

    Фабриката првично е сместена во старата индустриска зона во Битола. Инвестицијата на оваа компанија во производство, истражување и развој ќе изнесува 13,5 милиони евра.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира