Познатиот охридски нуркач Никола Паскали деновиве од дното на Охридското Езеро кај Мостот на желбите извади када, што некој ја фрлил на околу 100 метри од брегот. Таа лежеше на длабочина од 5 метри. Се претпоставува дека кадата била донесена со кајче, а потоа фрлена.
„За мене не беше изненадување кога при последното нуркање на езерското дно видов фрлена када, бидејќи се навикнав да вадам чудни предмети од езерото. Веднаш се одлучив да ја извадам, но кога првпат пробав, видов дека е тешка и нема да можам сам да ја кренам. Тогаш решив да го напумпам нуркачкиот елек со воздух. На тој начин, притисокот на водата посилно ме крева до површината, а и јас сум полесен. Среќа што кадата беше направена од пластични влакна и затоа беше полесна”, вели Паскали.
Тој стана познат во јавноста кога во септември минатата година успеа да фотографира јапонски крап, риба која не припаѓа на автохтониот жив свет на Охридското Езеро.
Д. ЧУБРИЌ