Голем пожар изби вечерва кај Бејбунар во Охрид, кај шумата на 100 метри од бараките во населбата Гоце Делчев.
„Пријава за пожар кај магацините на Улица 1-ва Македонска ударна бригада, 33, Охрид , пожарот се шири на кај куќите. Известена е Територијалната противпожарна единица Охрид“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„На 15.07.2026 околу 20:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар кај поранешните воени магацини во охридската населба Бејбунар. Во пожарот нема повредени лица, а била зафатена поголема површина на борова шума и нискостеблеста вегетација. Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна единица Охрид, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
На терен интервенираа четири противпожарни возила, а благодарение на брзата реакција на противпожарните екипи пожарот е успешно локализиран по три часа.
С. ВРЕНЦОВСКА



