ГОЛЕМ ПОЖАР НА ПЛАНИНАТА ЈАБЛАНИЦА, ЗАГРОЗЕН АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ВАЈТОС

    ГОЛЕМ ПОЖАР НА ПЛАНИНАТА ЈАБЛАНИЦА, ЗАГРОЗЕН АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ВАЈТОСГолем пожар избувна помеѓу селата Октиси и Долна Белица, зафатен е шумскиот појас на планината Јабланица. (Фото: СДК.МК)

    Пред неколку часа на планината Јабланица избувна голем пожар. Зафатена е голема површина шума. Огнот се појавил меѓу селата Октиси и Долна Белица, Струшко.

    „Голем пожар избувна помеѓу селата Октиси и Долна Белица. Зафатен е шумскиот појас на планината Јабланица. Tеренот не е пристапен за противпожарните возила“, ни изјави портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

    Од Центарот за управување со кризи велат дека на местото се упатени противпожарни екипи.

    Според првичните неофицијални информации, загрозен е и познатиот археолошки локалитет Вајтос. Очевидици кажуваат дека чадот може да се забележи дури и од Струга.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира